ponude.biz - veles

 

 

 

 

Велес (Титов Велес во време на СФРЈ од 1946 до 1991) е град во центаралниот дел на Република Македонија, кој се наоѓа на двата брега на реката Вардар. Градот е административен центар на Општина Велес.

Население
Според пописот од 2002 година, градот Велес има 43716 жители од кои:

Македонци 40269 (92,18%)
Албанци 91
Турци 1694
Роми 799
Власи 340
Срби 297
Бошњаци 36
останати 190
Заедно со приградската населба Превалец која статистички се води посебно од градот Велес, иако урбанистички е дел од градот, Велес има 46690 жители (од кои 43197 - 92,52% се Македонци).

Градот Велес има неповолна демографска слика бидејќи бројот на неговото население константно опаѓа. Општина Велес брои 55 108 жители од кои 46 767 (84,86%) се Македонци.


Стопанство
Велес е многу значаен идустриско-стопански центар и сообраќајно-железничка крстосница.Од Велес се двојат пругите кон Кочани и Битола,и продолжува меѓународната кон Солун. Уште во минатото Велес бил развиен занаетчиски град со голем број на занаети како грнчари, калајџии, ковачи, јорганџии, дограмаџии, касапи и многу други, а своите производи велешките занаетчии отпрвин ги превезувале преку сплавови (гемии) преку реката Вардар до Солун, а подоцна со изградбата на пругата замрел овој вид на транспорт. Од занаетчиски во индустриски град Велес преминува по втората светска војна. Велес денес е втор град со најголем број индустриски капацитети во Македонија, веднаш зад Скопје. Од индустриските капацитети ќе ги споменеме Топилницата за олово и цинк МХК Злетово (која го направи Велес,најзагаден град во Европа), Фабриката за вештачки ѓубрива, Фабриката за вагони и шински возила „Колска“, фабриката за бојлери и апарати за домаќинство „Динамо - Леов“ која извезува свои производи и на странските пазари (САД, Мексико и др.), Текстилната индустрија Нонча Камишова (денес Нока Текс), Индустријата за порцелан и керамика (денешна „Керамика Нова“ поранешна „Порцеланка“), Индустријата за ќерамиди, Кожарската индустрија „Димко Митрев“, Земјоделскиот комбинат „Лозар“ (денес приватизиран и поделен на неколку фирми), најголемата фабрика за масло во Македонија „Благој Ѓорев“, мелничко - пекарскиот комбинат „Жито Вардар“ и др. Во поново време во развој се трговијата и угостителството (фирмата „Тедико“).


Историја и потекло на името Велес
Велес постои како урбана населба од 168 година п.н.е. Но најпрвин старите антички населби односно Вила Зора биле источно (кон Свети Николе) во однос на денешната положба на градот. Со подцнежното населување на Словените градот бил сместен на денешната положба и го добил денешното име Велес. Градот имал средна економска развиеност обично преку трговијата која се обавувала со сплавови по Вардар кон Солун и Скопје. Меѓутоа Велес доживува вистински економски развиток преку изградбата на Вардарската железница (Солун-Скопје) кон крајот на XIX век, а подоцна и со железничката пруга кон Прилеп и Битола во 30-тите години на XX век.


Велес на десниот брег на Вардар со познатата Саат-КулаКон средината на XIX век Велес ќе биде еден од центрите на македонската национална борба. Познати се протерувањата на бугарските и српските пропагандистички учители и протерувањето на најголемиот бугарски пропагандист П.Р.Славејков, а мнозина српски и бугарски пропагандисти во своите записи сведочеле дека во Велес населението започнало себеси да се смета за Македонци и таа „опасност“ почнала да се шири кон Скопје, Прилеп и Битола. Во четириесетите години на XIX век, во Велес Јордан Хаџи-Константинов - Џинот го отворил и првото училиште на народен македонски јазик. Во времето на Македонското национално будење и револуцинерно - ослободителното движење Велес има дадено значајни Македонски борци и просветители. Од Велес и велешко најпознати Македонски национални дејци биле: еден од основачите на ВМРО Петар Поп Арсов (инаку од селото Богомила), непобедливиот велешки војвода Андреја Димов Докурчев, Гемиџиите, Панко Брашнаров итн. Во повоената ослободена Македонија Велес ќе доживее вистински подем особено во индустријализацијата со отварањето на многуте фабрики (за жал денес затворени), а црна дамка на овој период ќе останат Велешките Егзекуции извршени во 1945 година врз неколку видни Велешани под сомнение дека биле соработници на бугарскиот окупатор.

Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес (од 1946 до 1991 година градот го носеше името Титов Велес). Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското В ЛЕС што значи „в шума“ (заради густите шуми што го опкружувале) што е поточна констатација. Но некои слависти сметаат поради голите тревнати ридишта и реката Вардар местото го населувале сточари чиј словенски бог на стадата бил Велес.


Културата во Велес
Културата во Велес ја афирмираат Велешкиот театар и разни културни манифестации како Рацинови Средби и др. Во 2004 година беше прогласен за град на културата од министерството за култура на Република Македонија.

Во Велес се отворени: првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, првата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште во Македонија. Меѓу зачуваните средновековни споменици, најпознат е манастирот Св. Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св. Пантелејмон (XIX век).

Во Велес се одржуваат Рациновите средби во чест на Кочо Рацин.


Населби и маала во Велес
Којник
Бузаана
Солено Чешмиче
Долни Дуќани
Црна Џамија
Прцорек
Поток
Тунел
Влашка Чешма
Ќерамидна
Превалец
Рамина

Туризам
Најголема туристичка атракција во блиската околина на Велес е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти, кој изобилува со пештери (со археолошки остатоци од неолитот, ранохристијански пештери). Вон градот ја наоѓаме и тврдината Велешко кале.

Во Општина Велес има осум основни и четири средни училишта, спортско игралиште, спортска сала, базен, театар, музеј, библиотека, кино-сала, десет цркви и манастири и џамија.


Познати личности од Велес
Кочо Рацин - македонски поет и револуционер, учесник во НОБ
Панко Брашнаров - македонски револуционер и учител кој го отворил Првото заседание на АСНОМ
Рајко Жинзифов - македонски преродбеник од XIX век
Јордан Хаџи Константинов - Џинот - македонски национален просветител и учител и прв драмски писател од XVIII век
Васил Главинов - основоположник на социјалистичкото движење во Македонија
Исто така поголемиот дел од Гемиџиите биле од Велес

 

VELES

Veles (Macedonian: Велес) is a city in the center of the Republic of Macedonia on the Vardar river. The city of Veles is a seat of the Veles municipality.

Name
The city is named after a Slavic god Veles. After World War II the city was known as Titov Veles after Yugoslavian president Josip Broz Tito, but the 'Titov' was removed when Macedonia became an independent nation. Cars which were registered in Veles were identified by the code TV (Titov Veles) which was changed as late as 2000 to VE.


History
Inhabitants have been residing in the site of present day Veles for over a millennia. In Ancient times Veles was called Bylazora and contained a substantial population of Thracians and possibly Illyrians when it was in the kingdom Paionia also considered a region of "Upper Macedonia".


Features
Veles is a leader in the implementing of IT in the local administration in Macedonia.

Veles is a city of poetry, culture, history and tradition, as well as a town with plentiful and precious cultural heritage and centuries old churches.

Veles is a municipality of 50,000 people.[citation needed]


Sister cities
Slobozia
Other forms of partnership:

Pula (Document of friendship and cultural cooperation in 2002.)

 

 

  •